Зошто жените треба да пијат пиво?!

Умереното конзумирање алкохол е добро за здравјето. Ова се неколку причини зошто чаша пиво е добра за жените.
Ги јакне коските
Жените кои пијаат две пива во текот на неделата имаат посилни коски од оние кои не го конзумираат овој пијалок. Многу истражувања покажуваат дека пивото содржи одредени количини силициум, што е еден од најзначајните елементи од кои се изградени човековите коски. Умереното конзумирање пиво посебно се препорачува на жените во менопауза која е поврзана со добро здравје на коските.
Ја подобрува кожата
Пивото е одличен извор на витамин Б комплекс (тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина, пиридоксин, биотин, фолна киселина и кобаламин) кои се одговорни за добра кожа, помага во одржување на тонусот на мускулите и му дава енергија на целото тело.
Штити од настинки
Пивото е одличен извор на витамини и минерали како магнезиум, калциум и селен кои го штитат телото од настинки. Освен тоа, пивото содржи и антиоксиданти кои го јакнат имунитетот.
Го уништува заморот
Се чувствувате уморно и раздразливо? Веројатно се соочувате со пролетен или пак хроничен замор, кои меѓудругото се поврзани и со недостаток на железо во крвта. Тоа тешко се апсорбира во храната и затоа треба да го земате на другите начини. Црното пиво е одличен извор на тој минерал.
Хидратација по вежбањето
Заборавете на енергетските пијалоци и напијте се пиво по вежбањето. Шпанските истражувачи од универзитетот Гранада докажале дека пивото има одличен хидрирачки ефект на телото.
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
