Зошто пилотот не треба воопшто да има брада?

Многу авиокомпании ширум светот бараат пилотите воопшто да немаат брада, во ниеден облик. Зошто е тоа така?
Доколку има влакна на лицето, пилотот би можел да го загрози, пред сè – својот живот, а така и животот на другите. Видеоблогерот Зек Д. Филмс сподели симулација за тоа што сѐ може да тргне наопаку кога пилот со брада управува со авион…
– Кога пилотот става маска за кислород во итни случаи, таа цврсто се прилепува на лицето. Ова е клучно за да се обезбеди вистинската количина кислород. Така, ако пилотот има брада, влакната на лицето ќе спречат маската да се затвори правилно – предизвикувајќи протекување кислород и можни несреќни последици. Затоа обично никогаш не гледате пилот со брада, објасни Зек.
Според воздухопловната компанија „ХРД аеросистемс“, пилотите, копилотите и членовите на кабинскиот екипаж користат посебни маски за кислород, „бидејќи имаат дополнителни одговорности и ризици“, за разлика од оние наменети за патниците. Оние кои се одговорни за летање со авион мора да носат маски и во некои неитни случаи, на пр. кога се сами во пилотската кабина – затоа што би можеле да заштедат неколку драгоцени секунди во случај на невоља.
„Исто така, мора да носат маска во секое време кога притисокот во авионската кабина одговара на оној на 10.000 стапки (околу 3.000 метри висина, з.п.). Пилотите, исто така, може повремено да ги користат нивните маски за кислород за да го подобрат ноќниот вид. Количината кислород во авион под притисок е под нивото на онаа на земјата“, додаваат од компанијата.
На пониско ниво на кислород, се вели, ноќниот вид се намалува. Пилотите често користат маски за видливост и додека се подготвуваат за слетување.
Ново на Сител
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
