-->
-->
ЗОИ2026: Штолц најбрз на 1.000 метри брзо лизгање со олимписки рекорд
-->

Американецот Џордан Штолц го освои вечерва златниот медал на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, триумфирајќи во трката на 1.000 метри брзо лизгање со време на нов олимписки рекорд од 1:06,28 минути.
Дваесетиедногодишниот Американец, кој е светски шампион на 1.000 метри од 2023 и 2024 година, нема пораз на оваа делница сезонава во Светскиот куп и очекувано го освои првото олимписко злато во кариерата.
Среброто го освои Холанѓанецот Јанинг де Бо со време од 1:06,78, додека бронзата му припадна на кинескиот натпреварувач Жонгјанг Нинг (1:07,34).
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
