ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус

Швајцарскиот женски хокеарски тим, кој учествува на Олимписките игри 2026 година, итно е изолиран откако една од нејзините играчи беше позитивна на норовирус, соопшти Швајцарската хокеарска федерација (SHF).
Поради оваа ситуација, тимот ја пропушти синоќешната церемонија на отворање на Игрите.
– Позитивен случај на норовирус е откриен во швајцарскиот женски хокеарски тим. Резултатот од тестот на спортистката беше добиен дури по победата над Чешка и кратко пред церемонијата на отворање, се вели во соопштението на федерацијата.
Заразената хокеарка е изолирана од тимот од почетокот на симптомите. До петок наутро, таа не покажуваше знаци на болест. Како мерка на претпазливост и по консултација со медицински професионалци, целиот тим беше ставен во карантин. Досега не се идентификувани други случаи на болеста во тимот.
Швајцарија која го доби својот прв натпревар против Чешка (4:3), според распоредот вечер од 21:10 часот треба да го игра својот следен натпревар, против Канада.
Швајцарците станаа вториот тим на Олимпискиот турнир во женски хокеј што се соочи со норовирус. Претходно беше откриен во Финска, што доведе до одложување на натпреварот против Канада.
МИА
Ново на Сител
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
