-->
-->
ЗОИ 2026 без допинг афера, прв пат по 28 години
-->

Ниту еден случај на прекршување на антидопинг правилата не е регистриран на Зимските олимписки игри што на почетокот на оваа година се одржаа во Милано и Кортина, објави денеска Би-Би-Си.
Повеќе од 3.000 примероци биле собрани од речиси 2.000 учесници на ЗОИ2026 одржани во февруари и притоа не е пријавен позитивен допинг случај.
Ова се првите Зимски олимписки игри од Игрите во Јапонија во 1998 година на кои не е регистриран позитивен тест.
Меѓународната агенција за тестирање претходно објави дека 92 проценти од натпреварувачите биле тестирани барем еднаш во шесте месеци пред почетокот на Игрите во Милано и Кортина, а генералниот директор Бенџамин Коен ја опиша како „најобемната програма што некогаш е преземена“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
