Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП „Богородица“, 11 заплени на злато во 2026, девет кривични

Царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари на граничниот премин „Богородица“. Двајца косовски државјани се обиделе да го криумчарат. Златниот накит - четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката, соопштија денеска од Царинската управа.
Како што информираа оттаму, случајот бил предаден на Одделението за истраги, кое против сторителите поднело кривична пријава до ОЈО - Гевгелија.
-Ова е 11. заплена на злато годинава од страна на Царинската управа, при што досега се одземени вкупно два килограми златен накит. Четири од случаите се откриени токму на „Богородица“, пет на Меѓународен аеродром - Скопје, а по еден случај на „Табановце“ и „Блаце“. Во девет случаи, десет лица се кривично гонети од страна на Одделението за истраги за сторено кривично дело - криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик - појаснија од Царинската управа.
Оттаму нагласија дека ќе се погрижат криминалот најстрого да биде казнет.
-Нашата порака е јасна - без разлика на начинот на кој се криумчари, нашите служби ќе го разоткријат и ќе се погрижат криминалот да биде најстрого казнет. Ваквите случаи јасно ја покажуваат цврстата посветеност на Царинската управа за сузбивање на сите форми криминал, заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот - потенцираа од Царинската управа.
Ново на Сител
-

Падна фасада од станбена зграда во Козле | ФОТО
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
