Loading Video...
Ракомет
31. January 2021 - 15:37

Живко Мукаетов со акламација доби нов претседателски мандат

 
Живко Мукаетов со акламација доби нов претседателски мандат. На денешното редовно собрание на Ракометната федерација на Македонија, клубовите му изразија безрезервна поддршка на Мукаетов кој остамува предводник на мак-ракометот со мандат до 2025-година што е трет негов во низа. 
 
Мукаетов најави дека веќе воспоставениот систем за развој на македонскиот ракомет треба да биде продолжен, но и дека тука ќе се надградува се со цел ракометот и натаму да остане спорт број еден во државата.  
 
„Изминатите години е направен чекор напред во функционирање на РФМ. Поставивме систем со одржлив развој кој треба да се надоградува, а не да се остави на милост и немилост. Лично би сакал овој систем на функционирање да го оставам на личност која посветено и достојно ќе работи за понатамошен развој на македонскиот ракомет. Моите три приоритети во животот се моето семејство, компанијата „Алкалоид“ и мојата земја која достојно ја претставувам и преку работењето и преку ракометот. Дефиниравме систем на вредности, кој мора да се развива и надградува“, изјави Мукаетов.
 
Старо-новиот претседател на РФМ; Мукаетов не го криеше и разочарувањето од настапот на сениорите на Мундијалот во Египет. 
 
„Повеќе од пласманот на 23-тото место  разочарува односот кон националниот дрес. Она што се случи во Каиро беше очајно за гледање. Сите случувања имаа ефект, но тоа не е алиби. Затоа, ќе добиеме петти нов стратег, а ако е потребно ќе ангажираме додатно искуство однадвор и унифицирање на сите категории кои играат ракомет“, заклучи Мукаетов. 
 
Првиот голем предизвик ќе биде машката селекција за го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања, односно на добар пат е повторно да обезбеди место на завршницата на Европскиот шампионат.