-->
-->
Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-->

Четириесет и четиригодишна жителка на неготинското село Долни Дисан во полиција пријавила дека била измамена за сума од 49.087 денари, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Според пријавеното, таа остварила контакт со лице преку социјална мрежа, со цел да подигне кредит и во неколку наврати уплатила пари за наводни трошоци за одобрување, но, кредит не добила, по што случајот го пријавила во полициска станица - појаснија од СВР - Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Новиот закон овозможува државни и приватни дата центри, вели Николоски
-

За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
-

Иран предупреди на масовен одговор по заканите на Трамп за напади врз критичната инфраструктура
-

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати | ФОТО
-

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка
-

Николоски: Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата стартува на крајот на годинава
-

Определен 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски
-

Косовски државјанин избегал од царинска контрола на Блаце, по потера уапсен во Скопје – пронајдени марихуана и нож
