Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар) во јуни годинава се зголемени за 0.5 проценти во однос на претходниот месец, а за 6.2 проценти во однос на јуни минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Во однос на мај регистрирано е зголемување на продажните цени во секторите Рударство и вадење камен за 3.7 проценти, Преработувачка индустрија за 0.4 проценти, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 проценти и Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1 процент.
Споредено со јуни минатата година продажните цени се зголемени во Рударство и вадење камен за 24.5 проценти, во Преработувачка индустрија за 5.2 проценти, во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 11.2 проценти и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 7.4 проценти.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни 2026 годинава се намалени за 0.2 проценти во однос на претходниот месец, а се зголемени за 4.3 проценти во однос на истиот месец од претходната година. На странските пазари, пак, продажните цени на производителите на индустриски производи во јуни се зголемени за 0.9 проценти во однос на претходниот месец, а за 7.1 проценти во однос на јуни лани.
МИА
Ново на Сител
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

Мицкоски: Врховниот суд нанесува срам на правдата во Македонија, тоа се остатоците на СДС и ДУИ
