Loading Video...
Спорт плус
21. December 2020 - 16:33

Зенхаусерн победник на првиот сезонски слалом

 
 
Рамон Зенхаусерн е победник на првата слаломска трка во новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање. 
 
На патеката во италијанскиот ски-центар Алта Бадија, Швајцарецот беше осми по првата трка, но со импресивно извозена втора трка, тој успеа да стигне до највисокото место на пиедесталот. 
 
До својата само втора победа во кариерата во Светскиот куп и тоа во слалом, Зенхаусерн стигна за само 8 односно 12 стотинки пред австриските скијачи. 
 
Мануел Филек кој иако по првата трка беше тринаесетти,  на крајот заврши како второ пласиран, додека неговиот сонародник Марко Шварц беше трет. 
 
Французинот, Алекс Пинторо кој е лидер во севкупниот генерален поредок, денешниот слалом во Алта Бадија го заврши дури на 13-тото место. 
 
Скијачите сега се селат во Мадона ди Кампиљо, каде утре повторно ќе се вози слалом.