Зеленски: Украина се подготвува за натамошни преговори со претставници на претседателот Трамп

Украина се подготвува за понатамошни преговори со претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Имавме важни состаноци - заедно со нашиот тим се подготвуваме за нови контакти со пратениците на американскиот претседател. Утре (денеска) ќе следат повеќе детали. Правиме се што можеме за да се осигураме дека војната нема да остане единствената опција за она што следува“, напиша Зеленски во соопштение објавено на веб-страницата на Претседателството.
Според него, важно е што „Америка споделува голем дел од ставовите на Украина во врска со ситуацијата и на фронтот и во однос на нападите“.
„Мора да бидеме активни и токму така работиме - активно, без денови за одмор“, изјави украинскиот претседател.
Украинските медиуми објавуваат дека директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, за време на ненадејната посета на Москва на почетокот на оваа недела, предложил да се одржи средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин, како дел од напорите за ставање крај на војната.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
-

Муцунски од Бледскиот форум: Време е ЕУ повторно да ја покаже политичката волја за проширување
