Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил план за повеќе операции со долг дострел во Русија, а исто така го ажурирал списокот на приоритетни цели.
– Одржав состанок за нашите операции со долг дострел. Го одобривме продолжувањето на нашите операции и го ажуриравме списокот на приоритетни цели врз основа на нивното моментално влијание врз Русија и нејзината способност да ja продолжи и да ја пролонгира оваа војна, наведе Зеленски.
Тој истакна дека дострелот на напад сега надминува 3.000 километри, а Украина продолжува да ги проширува своите можности за уште поголем напад.
Зеленски прецизираше дека украинските беспилотни летала сега имаат можност да достигнат цели во рускиот Уралски регион, Сибир и други области далеку од Москва.
Од почетокот на војната, во кампањата за напад со долг дострел се извршени повеќе од 1.000 напади. Меѓу погодените цели се нафтени постројки, критични воени производствени постројки и стратешки важната руска логистичка инфраструктура.
– Главната цел на нападите со долг дострел е да се изврши притисок врз Русија преку уништување на нејзиното производство на оружје, предизвикување нафтени и други економски загуби и враќање на војната на нејзина територија, посочи Зеленски.
МИА
Ново на Сител
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
