Здравствените придобивки од доматот
Секојдневното овошје и зеленчук се општо корисни за здравјето, а особено доматот ги топи мастите, па поволно делува и на варењето и на крвта, па стручњаците советуваат: Јадете го секој ден ако можете.
Истражувањата, имено, покажуваат дека ликопенот што се наоѓа во доматот може да го спречи развојот на клетките на рак, особено ракот на простатата, желудникот или дебелото црево. Доматите се богати со витамин Ц, којшто е природен антиоксиданс, а содржат и витамин А, железо и калиум, кои играат клучна улога во одржувањето на здравјето на нервите и нормалната циркулација на крвта. Исто така, корисно е да се знае дека зготвените домати имаат поголемо нивото на ликопен, пренесува „Н-1“.
Витаминот К во доматите е корисен за крвта. Но, и воопшто, јадењето домати секој ден може да помогне во одржувањето на кожата здрава и сјајна.
Доматот го намалува и оштетувањето предизвикано од пушење тутун, благодарение на кумаринот и хлорогената киселина што ги содржи ова овошје. Помага и при слабеење, бидејќи се нискокалорични и богати со влакна, што значи дека држат ситост подолго време и го регулираат топењето на мастите.
Ново на Сител
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
