Македонија
30. August 2026 - 15:03

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон

На 29 август во 14:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на внатрешното шеталиште во КПУ „Идризово, Н.И. (42) се качил на бандера и се фатил за жица која била под електричен напон.

При инцидентот тој паднал, по што лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.