Македонија
4. September 2026 - 12:46

Затвореник од Идризово преку телефон ѝ се заканувал на партнерката и нивниот син

Триесет и петгодишна жена од Тетово пријавила во полиција дека добивала заканувачки пораки од нејзиниот невенчан сопруг, кој во моментот издржува затворска казна.

Како што информираат од МВР, случајот бил пријавен на 3 септември околу 20:50 часот во СВР Тетово. Според пријавеното, мажот преку мобилна апликација испраќал пораки со закани кон жената и нивниот малолетен син.

Пријавениот во моментот се наоѓа на издржување казна затвор во КПУ „Затвор Идризово“.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.