Застрашувачки сцени од Банкок - најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб

Најмалку 27 лица загинаа во голем пожар што избувна во ноќен клуб во Бангкок, пред пожарникарите да успеат да го стават пламенот под контрола.
Пожарот бил пријавен околу полноќ. Снимките објавени од спасувачките екипи покажуваат пламени јазици како излегуваат од влезот на објектот во северниот дел на тајландската престолнина, додека луѓе се обидуваат да избегаат, а густ црн чад се шири над зградата.
Премиерот на Тајланд, Анутин Чарнвиракул, соопшти дека 27 лица загинале во инцидентот, а неколку десетици се пренесени во болница. Причината за пожарот се уште се истражува.
Според властите, на пожарникарите им биле потребни околу 30 минути за да го локализираат пламенот.
Фотографиите од местото на несреќата покажуваат изгорени маси и столови, како и сериозно оштетен ентериер на локалот.
Ново на Сител
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
