Македонија
15. јуни 2026 - 14:28

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО

Полицијата трага по непознат сторител кој денеска запалил две возила со дипломатски таблички пред бугарската Амбасада во центарот на Скопје.

Според првичните информации, младиот маж прво полеал запалива течност и го запалил едно возило „Сузуки Витара“, по што огнот се проширил и на друго возило кое е во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Македонија. По инцидентот, напаѓачот побегнал од местото.

Пожарот брзо бил ставен под контрола и изгаснат од припадниците на обезбедувањето на Амбасадата.

Во меѓувреме, полиција го обезбедува просторот околу објектот, а истражните органи се во потрага по лицето кое го подметнало пожарот.