Стартуваше платформата „Канцер имејџ Јуроп“

Во рамки на Европскиот план за справување со ракот од денсека е пуштена во употреба платформата „Канцер имејџ Јуроп“, која содржи јавен каталог на фотографии од форми на рак, како и алатка за пребарување на информации поврзани со болеста.
Платформата вклучува 36 сетови на податоци од фотографии од девет типови на рак – на дојка, дебело црево, бели дробови, простата, ректум, црн дроб, како и глиоми, невробластоми и глиобластоми, со вкупно над 200.000 серии на слики од околу 20.000 лица.
Иницијативата има за цел да создаде европска поврзана инфраструктура на податоци на фотографии од рак како поддршка за здравствените установи, истражувачките центри и иноваторите во изнаоѓањето на иновативни решенија за дијагностика и третман и нега на пациентите заболени од канцер.
Еврокомесарот за внатрешен пазар Тјери Бретон изјави дека со лансирањето на оваа платформа, ЕУ ја користи моќта на податоците во борбата против ракот.
- Го отвораме патот кон прекугранична, интероперабилна и безбедна инфраструктура на податоци за фотографирање на ракот во Европа, согласно вредностите и правилата на ЕУ. Ова ќе го поттикне развојот на нови технологии управувани од вештачката интелигенција за подобро справување со ракот, истакна Бретон.
Според еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес, платформата е доказ дека дигиталните технологии ќе предизвикаат револуција во здравството, особено кога станува збор за откривањето и лекувањето на канцерот.
- Како дел од европскиот план за борба против ракот, оваа иницијатива ќе биде клучна во раното откривање на болеста преку попрецизен, навремен и подостапен скрининг и ќе ни помогне да ја развиеме следната генерација на дијагностика и третмани за ракот, додаде Киријакидес.
Реализацијата на платформата „Канцер имејџ Јуроп“ беше поддржана од програмата „Дигитална Европа“ со 18 милиони евра, а преку неа ќе се спроведува и поддршката на технологиите што се релевантни за оваа дигитална инфраструктура.
Ново на Сител
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
-

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
-

На ГП Долно Блаце уапсен Турчин баран со потерница од Интерпол
