Македонија
27. August 2023 - 16:43

Занаетчиите погодени од економската криза

Економската криза удри по занаетчиите.Тие велат дека поголеми штети имаат со поскапувањето на цените на материјалите сега отколку за време на Ковид пандемијата, но сепак се задоволни од туристичката сезона и оставрениот промет оваа сеозна.

Гостите се воодушевени од старата чаршија и автентичниот начин на изработка на охридските сувенири, а многу пати и сами влегуваат во работилниците и работат со занаетчиите.

Од Регионалната занаетчиска комора велат дека радува и тоа што имаме продолжување на сезоната и зголемување на бројот како на домашни гости, од соседството, но и од странство кои ги ценат занаетите и рачната изработка.