Македонија
6. October 2023 - 16:52

Замрзнати цени во услови на зголемен данок

Експертите со чудење гледаат на одлуката на Владата да ја дуплира стапката на ДДВ истовремено кога на одредени производители им наложува да работата со загуба. Се уште нема никаква реакција на писмото кое Здружението за земјоделство и прехрабмена индустија при стопанската комора го испрати до Владата и во кое се објаснува дека производителите на вода и пијалаци не може да работат со овие цени.

Нејасно според нив е како да го развиваат бизнисот во ситуација кога на производи кои се работат со 3,8% маржа Владата наложува намалување на цените за 10%. 

Дополнително, нејасно е како Владата ја избра баш оваа индустрија која според податоците кои ги објавува државниот завод за статистика, годишно нивните производи имале раст на цената под 8% што и не е некоја голема бројка, имајќи предвид дека бизнисот опстојуваше во услови на инфлација од 20% и цена на храна која за две години се зголеми повеќе од двојно. 

Производителите на пијалаци објаснуваат дека само во последните 2 години трошоците на нивните суровини и репроматријали значително се зголемиле. Објаснуваат дека стаклената амбалажа двојно поскапела исто како и шеќерот, а над 30 проценти е поскапа и пластичната амбалажа, но и цените на свежото овошје. 

И додека владата врши пристиок врз бизнисот да работи со загуба и да го покрива недостатокот на капацитет да се креираат развојни бизнис политики, никој на Илинденска не сака ниту да помисли да се откаже од дел од приходите кои државата ги прави од овие производи. На пример при продажбата на пиво, Македонија е меѓу лидерите во Европа по висината на акцизата која граѓаните ја плаќаат на крајниот производ. На пример, акцизата за пиво во Македонија е 350% поскапа од онаа која се плаќа во Германија и Бугарија, и над 4 пати од онаа што се плаќа во Романија.