-->
-->
Загина 65-годишен возач на мопед по судир со автомобил
-->

Вчера во 10:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на локален пат с.Штука – с.Турново, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“ без регистарски ознаки, управуван од М.Д.(65) од с.Штука и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(29) од с.Штука.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот М.Д. и бил пренесен во Општа болница Струмица, каде што во 13:00 часот починал.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кралот Чарлс ги собира лидерите на ВИ компаниите поради растечката загриженост за безбедноста
-

Поради отсуство на сведоци, одложено судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“
-

Маж утрово се фрлил во Вардар, пренесен во болница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството на СДСМ и ДУИ ги штити криминалците
-

Дизелот во САД достигна нова рекордна цена
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
-

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница
-

Direct Media Одбележува 25 години работење
