За две недели уставните измени влегуваат во Собрание, власта и натаму нема мнозинство
Уставните измени влегуваат во парламентот за две недели, потврди денеска премиерот Ковачевски. Тој вели дека секој пратеник има обврска и треба да даде поддршка на, како што рече, овие технички амандмани со кои всушност ќе се отворат преговорите со Европската унија.
Избори на есен, со оглед дека се уште нема потврдени 80 пратеници, вели ќе нема бидејки уставните измени не се врзани со мандат на влада.
Наспроти него лидерот на опозицијата Мицкоски вели уставни измени под бугарски диктат ќе нема. Тој ги демантира и наводите на шефот на дипломатијата Османи дека има разговори со пратеници од опозицијата кои биле расположени за вакви устави измени.
Против уставните измени се и помалите партнери на ВМРО-ДПМНЕ.
Откако уставните измени ќе бидат доставени во Собранието, пратениците ќе ги имаат на разгледување 30 дена. Потоа следи расправа во уставната комисија и утврдување на потреба за промена на Уставот на седница. Целосниот процес трае најмалку 3 месеци, и за уставните измени ќе се гласа 3 пати. За две гласања потребно е 2/3 мнозинство во Собранието.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
