Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите

Во следните неколку дена ќе ги распишам изборите. Мислам дека ќе биде на 9 или 10 септември наутро. 10 септември е веројатно последниот ден, изјави синоќа претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ потсети дека денеска во Ниш ќе се одржи состанок на главниот одбор на Српската напредна странка, каде што ќе се дискутира за претстојните вонредни парламентарни избори, како и за можноста за негова кандидатура за премиер.
Тој истакна дека, доколку добие поддршка, ќе изнесе два предлози - едниот сега, а другиот откако ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Републиката.
„Ако добијам поддршка од луѓето да бидам премиер ...Мојот прв предлог ќе биде да ја направам најмалата влада во историјата на Србија - премиер и 12 министри. Тоа ќе биде моето ветување пред граѓаните, најави Вучиќ.
Вучиќ истакна дека сериозно се подготвува да ја преземе функцијата премиер, додавајќи дека тоа најверојатно ќе биде неговиот последен мандат.
По истекот на сегашниот мандат како претседател на Србија, повеќе нема право да се кандидира за таа функција, и постојано нагласуваше дека нема да го менува уставот за да го овозможи тоа.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
-

Трамп вели дека Кушнер и Виткоф одат во странство за да разговараат за мир во Украина
-

Во Загреб ќе се одржи голем протест поради нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад
-

Сончево и топло, со температури до 37 степени
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
