Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември, пренесуваат локалните медиуми.
Вучиќ изјави дека планира да се повлече од функцијата веднаш по враќањето од САД, каде што ќе учествува на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН.
Општите политички дебати во рамките на 81-та сесија на ОН ќе се одржат од 22 до 28 септември (со неработен ден на 27 септември, недела) во седиштето на ОН во Њујорк. Во нив ќе се вклучат високи претставници на 193-те држави членки на светската организација. Се очекува над 150 од земјите да бидат претставени од нивниот шеф на државата или од премиерот.
На 25 октомври во Србија ќе се одржат предвремени парламентарни избори и српскиот претседател ќе се вклучи во предизборната кампања во име на владејачката Српска напредна партија (СНС), на која е основач.
– Сакам да ја почнам кампањата како обичен граѓанин – рече денеска Вучиќ.
Тој истакна дека сака на изборите да има демократска игра и секој граѓанин да може да процени на кого од играчите ќе му ја даде довербата.
Вучиќ објави дека се повлекува од функцијата уште во јуни. Тогаш тој рече дека ќе поднесе оставка за неколку недели.
Иако сè уште е активен претседател, Вучиќ беше одреден за носител на предизборната листа на СНС, а според одлуката тој ќе биде истакнат и како кандидат за премиер на земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
