Вучиќ првпат откри што ќе работи откако ќе ја напушти власта

Српскиот претседател Александар Вучиќ за првпат наговести што би можел да работи кога ќе ја напушти власта.
Кога наскоро ќе ја напуштам власта, рече Вучиќ во обраќањето до српските новинари во Кина, а кога мојата ќерка ќе се врати од магистерските студии – се занимаваше со статистика – ако отвори своја компанија, ќе работам за неа, изјави тој.
Пред таа изјава, Вучиќ ги коментираше најновите наоди на агенцијата Ипсос, нагласувајќи дека резултатите од истражувањето претставуваат само слика од она што сте го правеле и дека тие не се причина ниту за посебна радост ниту за посебна загриженост.
Сепак, тој истакна дека гледајќи ги резултатите од најновите истражувања, за првпат е задоволен по една година и повеќе месеци.
Тој ги отфрли критиките за наодите, истакнувајќи дека сите знаат дека Ипсос не ги манипулира наодите.
Вучиќ спомена дека граѓаните сакаат разговор и дијалог и дека оној што повикува на дијалог никогаш не е слаб, туку оној што го отфрла, алудирајќи на неговата покана за јавна дебата, која веднаш беше одбиена од студентите во блокада.
Претседателот на Србија им се обрати на новинарите по средбите со рускиот претседател Владимир Путин, на маргините на одбележувањето на победата на Кина над Јапонија во Втората светска војна.
Во анкетата на Ипсос – Српската напредна странка има поддршка од 48,2 проценти од гласачите, додека студентската листа има поддршка од 8,1 процент од испитаниците. СНС го подобри својот рејтинг за 1,6 проценти во споредба со претходниот месец и сега е блиску до апсолутно мнозинство.
Ова го покажува најновото редовно месечно истражување на агенцијата Ипсос, кое ги анализирало политичките рејтинзи на партиите и движењата, но само на оние кои се целосно формирани и чиј состав и лидери се познати. Анкетата е спроведена минатиот викенд на репрезентативен примерок од 1.220 испитаници од Србија.
Резултати од анкетата:
– СНС – 48,2 отсто
– Студентска листа 8.1
* Движење Крени-промени – Саво Манојловиќ 6.2
* СПС – Социјалистичка партија на Србија – Ивица Дачиќ 5.3
* Партија на слободата и правдата – Драган Ѓилас 5
* Национално движење на Србија – Мирослав Алексиќ 3,3
миа
Ново на Сител
-

Јаневска: Испративме допис до училиштата на големите и малите одмори да има дежурен наставник
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
