Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека изборите ќе бидат распишани пред законскиот рок и дека не може повторно да се кандидира за претседател и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот на Србија за да го стори тоа.
„Дали ќе му помогнам на некого и ќе се борам за оние за кои мислам дека можат да ја водат Србија во иднина за да постигнат успех на изборите, сигурно ќе го направам тоа, и од која позиција во моментов тоа не е тема, ниту би можел самиот да го кажам“, рече Вучиќ на прес-конференција со австрискиот канцелар Кристијан Штокер во Белград.
„Ќе распишам избори во согласност со Уставот и законите, веројатно пред законскиот рок…Изборите ќе покажат „што ќе каже народот и кој ќе победи“.
Вучиќ рече дека Србија се соочува со многу насилни протести, како оној синоќа.
Наведувајќи дека демонстрантите одат во домовите на политичките противници, како во Австрија и Германија во минатото, Вучиќ додаде дека Србија го издржала сето ова „на многу демократски начин, без сериозна употреба на сила“.
Вучиќ ги критикуваше австриските медиуми бидејќи, како што изјави, „не можеше да се чуе различно мислење“ за протестите во Србија.
МИА
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
