Втора победа на македонските тенисерки во Били Џин Кинг купот

Македонската женска тениска репрезентација ја забележа втората победа во рамки на Третата Европска зона во Били Џин Кинг Купот, откако попладнево во Скопје беше поуспешна од Азербејџан со максимални 3-0.
По вчерашната стартна победа против Албанија со идентичен резултат, триумфот против Азербејџан беше заверен по двата сингл натпревари во кои Александра Симева ја победи Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (6-1, 6-1), додека Магдалена Стоилковска беше убедлива против Лала Еивазова со 2-0 во сетови без загубен гем.
Печат на победата ставија младите македонски тенисерки Ива Данева и Ана Митевска со победата во двојки над Сулејманова/Еивазова со 6-0, 6-0 за 31 минута игра.
Утре во дуелот од третото коло македонските тенисерки ќе играат против првиот носител од Б групата, селекцијата на Финска.
Ново на Сител
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
