Ракомет
15. July 2026 - 20:07

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда

Македонската ракометарка Елена Ѓорѓиевска е нов член на Црвена Звезда од Белград. Клубот од Србија во новата сезона влегува со големи амбиции, како на домашна сцена така и во евро натпреварите.

Поранешната македонска репрезентативка Ѓорѓиевска има богата меѓународна кариера, а последен клуб и беше турски Одунпазари. Претходно има настапувано во екипи од регионот Романија (Крајова, Баја Маре), Унгарија (Алба), Хрватска (Подравка), Црна Гора (Будуќност), како и во македонските екипи: Металург, Кометал Ѓорче Петров и Еуростандард Ѓорче Петров. За македонската репрезентација дебитираше на Светското првенство 2005 година во Русија со на 15 годишна возраст.

36-годишната Ѓорѓиевска е втора македонска ракометарка во Црвена Звезда, покрај голманката Јована Мицевска.

Ново на Сител