ВТА во големи долгови, организацијата бара инвеститори

Здружението на женски професионални тенисерки (ВТА) има осумцифрени долгови, пишува „Телеграф“.
Една од причините за лошата финансиска состојба е што во последните сезони, ВТА мораше да ја надополни разликата во паричната награда со АТП (здружението на тенисерите) на четири задолжителни турнири од серијата Мастерс 1000 (Индијан Велс, Мајами, Мадрид, Пекинг).
Поради ваквата ситуација, ВТА бара инвеститори и е подготвена да продаде 20 % од акциите на „CVC Capital Partners“, компанија со приватен капитал. Станува збор за 150 милиони инвестиции. Се верува дека договорот е поддржан од извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон, како и од трите претставници на играчи во Бордот на директори.
Телеграф пишува дека еден од условите на инвеститорот е изедначување на паричната награда со АТП на повеќе турнири.
Гласањето за договорот со „CVC“ требаше да се одржи на првиот ден од УС Опен, но резултатите не беа официјално пријавени.
Ново на Сител
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
