Врховниот суд на САД ја отфрли жалбата на Трамп во случајот на сексуална злоупотреба на писателката Е. Џин Керол

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера не успеа во обидот Врховниот суд да ја разгледа жалбата на пресудата за сексуална злоупотреба во случајот што против него го поведе против писателката Е. Џин Керол, јавува ДПА.
Врховните судии го отфрлија барањето за оспорување на пресудата во граѓанската постапка што ја покрена писателката, покажуваат судските документи.
Во 2023 година, поротата во Њујорк сметаше дека е докажано дека Трамп уште во 1996 година ја нападнал, сексуално ја злоупотребил и подоцна ја клеветил Керол во престижна продавница во Њујорк. На Трамп му беше наредено да плати отштета во вкупен износ од пет милиони долари, иако тој постојано ги негира обвинувањата.
Иако рокот за застарување на кривичните обвиненија истече, граѓанската постапка остана отворена, појаснува германската агенција.
„Њујорк тајмс“ ја нарече одлуката на Врховниот суд „голем удар“ за Трамп и веројатно „крај на неговите правни напори да ја оспори пресудата на поротата“, пренесува ДПА.
Ново на Сител
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
