Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун

Сообраќајна несреќа со материјална штета предизвикал македонски државјанин – возач на камион на регионалниот пат Солун – Калохори, кој возел под дејство на алкохол, бил уапсен, изведен пред суд и осуден на затворска казна од 15 месеци со можност за откуп, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, 49-годишниот возач, државјанин на Северна Македонија сообраќајната несреќа ја предизвикал вчера, а при направениот алкотестот било утврдено дека консумирал алкохол над дозволеното ниво, 0,76 и 0,78 милиграми на литар воздух.
Денеска, бил изведен пред Судот за прекршоци во Солун каде што бил прогласил за виновен за опасно возење и возење под дејство на алкохол и осуден на 15 месеци затвор со можност за откуп, а било одлучено казната да се претвори во парична – по 10 евра дневно.
Против пресудата, како што објави АНА-МПА, поднел жалба и бил пуштен на слобода.
- Го закачив ретровизорот на паркирано возило додека поминував. Жал ми е, но не можам да го вратам времето назад, рекол, според АНА-МПА во својата одбрана 49-годишниот возач на камион.
МИА
Ново на Сител
-

Царина: Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато
-

Во израелски напад врз либанскиот град Тир загинаа најмалку 13 луѓе
-

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“
-

Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор
-

Јовановски: Ивана ми призна дека под уцена му го дала резервниот клуч на Саздов за да ми ја подметне дрогата во возилото
-

Пролетни средби со ММФ
-

Јаневска: Преземаме мерки за да ги задржиме младите, иселеници веќе се враќаат во Македонија
-

Викендов променливо облачно со сончеви периоди
