Волф: Ако Мерцедес не победи, ќе навиваме за Хамилтон, Луис ја заслужи осмата титула

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека би го поздравил успехот на Луис Хамилтон во Ферари доколку германскиот тим не успеа да победи во наредните сезони.
- Ако не можеме да победиме, ќе навиваме за него. Тој ја заслужи својата осма титула, но секако приоритет останува нашиот тим, возачите, брендот и ќе направиме се што е можно, изјави Волф по Големата награда на Абу Даби, последната трка на Хамилтон за Мерцедес.
Според Волф, Луис, кој се проби од 16-та позиција на четвртата, ќе ја извојуваше победата ако немаше лошата среќа во квалификациите.
Хамилтон од следната сезона ќе вози за Ферари. Тој беше дел од Мерцедес од 2013 година.
Заедно со Михаел Шумахер се најуспешните пилоти во историјата на Формула 1 со по седум шампионски титули.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
