Свет
4. March 2022 - 21:15

Војната во Украина не губи на жестина - во опасност доведена и АЕЦ „Запорожје“ - радијацијата не е зголемена

Дел од проектил попладнево наводно паднал во дворот на летната резиденција на украинскиот претседател Зеленски во Киев. Информацијата ја објави неговиот портпарол на Фејсбук Никифоров објавувајќи фотографии од проектилот. Притоа, тој напиша дека Зеленски кратко искоментирал: „Промошување!“

Во меѓувреме, продолжуваат воздушните и артилериските напади во битките што се водат меѓу руските и украинските сили во околината на Киев и на североистокот од земјата. Нападите се особено силни во Харков, Чењрников и Охтирка. Битки се водат и во Одесеа каде се приближува голема руска флота.

Утринава Русија ја зазеде и нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, а при нападите избувна и пожар во придружна зграда на нуклеарката, кој набрзо беше изгаснат. Експертите велат нема опасност.

„Сметаме од техничка гледна точка дека операцијата продолжува нормално, иако се разбира дека нема нормалност во оваа ситуација кога има воени сили“, потврди попладнево и Рафаел Гроси пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Украинскиот претседател Зеленски ги обвини руските сили за обид да активираат нуклеарна катастрофа.

Москва возврати – Киевскиот режим се обиде да спроведе монструозна провокација во нуклеарната централа, подметнувајќи пожар. 

Министрите за надворешни работи на ЕУ вечерва на вонреден состанок уште еднаш ја реафирмираа поддршката кон суверенетитетот на Украина. Дополнителни санкции кон Москва не се донесени, но се бара имплементација од државите на тековните.

„Ние не сме непријатели на рускиот народ. Ние сме пријатели на Украина. Ние ги поддржуваме во нивната војна. Но, ние сме против рускиот народ. Тоа е војна на Путин и само Путин може да и стави крај.“

Рускиот претседател Владимир Путин пак, уверува дека официјална Москва нема лоша намера кон соседите.

Бегалската криза во Украина е се поголема. Милион и 200 илјади жители ја напуштиле државата, а се уште трае и евакуирањето на странски државјани. Над 50 македонски државјани веќе се извлечени од Украина, но таму се уште има Македонци кои бараат начин како да заминат.

Македонскиот амабсадор Ефремов кој беше повлечен пред неколку дена од Киев, од денеска повторно е во Украина за да помогне во извлекувањето на остантите наши државјани.