Војната во Иран и растот на цената на горивото ги загрозуваат плановите на европските авиокомпании за летната сезона

Европските авиокомпании се соочуваат со сериозни предизвици поради зголемувањето на цените на авио-горивото и нарушувањата на воздушните рути предизвикани од војната во Иран, што влијае врз планирањето на летната туристичка сезона.
Превозниците наведуваат дека од почетокот на конфликтот на 28 февруари цената на авио-горивото се зголемила за околу 84 проценти, при што се предупредува и на можен недостиг на гориво доколку ситуацијата не се стабилизира.
Експертите оценуваат дека актуелната криза претставува најголем предизвик за авиосообраќајот од ковид-пандемијата, иако побарувачката во индустријата засега останува стабилна.
Генералниот секретар на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) предупреди на ризик од нарушувања во снабдувањето со гориво, особено во Европа и Азија, но нагласи дека ситуацијата се уште не е на ниво на кризата од 2020 година.
Европските авиокомпании, меѓу кои и големи превозници како IAG и други, се подготвуваат за објава на финансиските резултати, во мигови кога веќе почнаа со покачување на цените на билетите и намалување на капацитетите.
Кризата најмногу го засегна воздушниот сообраќај на Блискиот Исток, каде е забележано откажување летови и резервации, додека дел од европските превозници бележат стабилна или дури и зголемена побарувачка на одредени линии.
Аналитичарите наведуваат дека компаниите денес се поотпорни од претходните кризи, но оти високите трошоци за гориво и неизвесноста околу конфликтот и понатаму создаваат притисок врз индустријата, особено пред летната туристичка сезона.
МИА
Ново на Сител
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
