Loading Video...
Фудбал
7. December 2020 - 9:28
Водечкиот тандем во Премиер лигата, Тотенхем и Ливерпул, со нови убедливи победи
Водечкиот тандем во Премиер лигата, Тотенхем и Ливерпул, тимови кои остварија нови убедливи победи
Во лондонското дерби, Тотенхем со 2:0 го порази Арсенал. И на овој меч најзаслужни за победата на „Спарси“ беа Сон и Кејн кои беа и стрелци на головите. Корејанецот во 13-минута го постигна првиот гол, а по акцијата што ја започна Кејн. Во финишот на првиот дел, двајцата фудбалери ги сменија улогите, па по асистенцијата на Сон, Кин беше оног кој го постигна вториот гол.
Интересно е да се спомене дека од 23-те голови што досега во Премиер лигата ги постигна тимот на Тотенхем дури 19 се дело на овој тандем. Сон досега има десет, а Кејн 8 голови, додека Англичанецот досега има 10 асистенции, а Јужнокорејанецот три.
Ливерпул пак на „Енфилд“ пред околу 2.000 гледачи го победи Вилверхемтон со 4:0. Стрелци на головите беа Салах (24.минута), Вајналдум (58), Матип (67) и Семедо кој си постигна автогол.
Тотенхем и Ливерпул се на првите две позиции на табелата со по 24 бодови, два повеќе од Челзи, а три од Лестер кој е четврто пласиран.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
