Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени

Водата во Северното Море минатиот викенд достигна рекордно висока температура од 21,5 степени Целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт.
Температурата е измерена кај платформата „Гуре“, на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени на 8 август 2018 година.
Експертите предупредуваат дека невообичаено топлото море може да донесе последици и во наредните месеци, вклучително и пообилни врнежи и посилни зимски бури во Холандија.
Високите температури влијаат и врз морскиот еко-систем, бидејќи рибите се преместуваат во други области, што може неповолно да влијае врз риболовот како стопанска дејност.
МИА
Ново на Сител
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
