Во затворен простор и без публика церемонијата на палење на олимпискиот оган во античка Олимпија

Без публика, поради ограничениот капацитет и со употреба на огнот запален од сончевите зраци во понеделникот, во затворен простор во Археолошкиот музеј во античка Олимпија, поради лошите временски услови и континуираниот дожд, наместо во храмот на божицата Хера, претпладнево ќе се одржи церемонијата на за палење на олимпискиот оган за ЗОИ „Милано Кортина 2026“, јави дописничката на МИА од Атина.
– Промената на местото на одржување беше неопходна поради лошите временски услови што преовладуваа во античка Олимпија и континуираниот дожд што го оневозможи одржувањето на церемонијата на античкиот стадион, соопштија од Грчкиот олимписки комитет.
Во понеделникот, што беше единствениот сончев ден се одржа вонредна проба на која беше запален олимпискиот оган од зраците на Сонцето, како што е традиција и истиот ќе се искористи и денеска, а вчерашната генерална проба исто така без публика, се одржа во Археолошкиот музеј.
На денешната церемонија ќе присуствуваат грчкиот претседател Константинос Тасулас, претседателката на МОК, Кирсти Ковентри, почесниот претседател на МОК, Томас Бах, претседателот на Грчкиот олимписки комитет, Исидорос Кувелос, претседателот на Организацискиот комитет на Милано Кортина, Џовани Малаго, градоначалникот на античка Олимпија, Аристидес Панајотопулос и други официјални лица.
Од Грчкиот олимписки комитет во неделата информираа дека главната манифестација и генералната проба ќе се одржат во Археолошкиот музеј и од безбедносни причини, но за да се зачува престижот на церемонијата и изразија жалење за промените, со оглед на тоа што нема да биде можно присуство на публика.
Првиот факел од античка Олимпија ќе го преземе освојувачот на бронзен медал во веслање на Олимписките игри во Париз, Петрос Гајдаѕис, по што олимпискиот оган ќе го започне штафетното ќе патува низ цела Грција.
Во следните осум дена ќе помине 2.200 километри, 23 префектури и седум региони, со 36 церемонии и вклучени 450 лица што ќе го пренесуваат факелот, придружени од 15 возила и 40 претставници на Грчкиот олимписки комитет.
Штафетата ќе помине низ низа градови во цела Грција и на 4 декември ќе пристигне во Атина, каде што на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик, олимпискиот оган ќе биде предаден на Организацискиот одбор на ЗОИ „Милано Кортина 2026“,
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ќе се одржат од 6 до 22 февруари 2026 година.
МИА
Ново на Сител
-

Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови | ФОТО
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
