Свет
17. September 2026 - 20:18

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата

На денешните антивладини протести во Тирана приведени се 11 луѓе откако демонстрантите се судрија со полицијата на повеќе места во градот.

Протест почна пред албанскиот парламент, а демонстрантите се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон, а потоа се прошири и на булеварите, кога насобраниот народ се обиде да го пробие полицискиот кордон и да стигне пред Министерството за внатрешни работи.

Протестите во Албанија почнаа пред три месеци поради проектот за изградба на туристички комплекс во заштитената крајбрежна зона на Звартнос, а прераснаа во барање за оставка на албанскиот премиер Еди Рама и владата. 

МИА