Во Тајланд убиени 125 крокодили за да не избегаат во поплавите
Фарма за слатководни сијамски крокодили во Тајланд, во областа Ламфун, усмрти 125 од овие влекачи, поради страв дека може да избегаат во поплавите во земјата и да го загрозат населението, според сопственикот на тоа чувалиште.
Сијамскиот крокодил може да порасне и до три метри. Се работи за ендемичен вид во Југоисточна Азија којшто е критично загрозен во дивината.
- Дождот ги еродираше ѕидовите на фармата и, за жал, моравме да убиеме 125 крокодили коишто ги одгледувавме 17 години... Контактирав и со властите за да ги сместиме овие влекачи во привремено засолниште додека трае поплавата, но барањето беше одбиено бидејќи животните биле преголеми, изјави сопственикот Натапак Хумкад.
Одгледувачот рече дека тој и неговите вработени ги убивале крокодилите со струја за да ги спречат да избегаат и заталкаат по селата, и слободно да ги напаѓаат селаните и добитокот.
Ново на Сител
-

Јаневска: Наша цел е воведување на ВИ во секојдневниот живот на учениците и наставниците
-

Шеснаесетгодишници нападнале врсник и му се заканиле со автоматска пушка
-

Угостителските услуги за една година поскапеле за 2,8 отсто
-

Арагчи: Иран ќе прифати само „праведен и сеопфатен“ договор со САД
-

Мицкоски: Годинава нема избори, таа е реформска и година на консолидација
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
-

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска
-

На Ѓурѓовден сакал да ја ограби црквата Свети Геогриј – завршил заглавен на ограда
