Во Собранието ќе заседаваат осум комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат осум комисии - Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за европски прашања, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог на законот за изменување на Законот за внатрешни работи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, сите по скратена постапка.
На Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард и
Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, и двата по скратена постапка.
На Комисијата за европски прашања е Предлог на законот за парничната постапка, во прво читање.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е
Предлог на законот за изменување на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, по скратена постапка.
На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медијација, по скратена постапка.
Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка.
На Комисијата за финансирање и буџет се Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2027-2031 година и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх Интернатионал (Merrill Lynch International) по Договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија, по скратена постапка.
Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за внатрешни работи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Предлог на законот за изменување на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медијација, Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх Интернатионал (Merrill Lynch International) по Договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија, сите по скратена постапка.
МИА
Ново на Сител
-

Променливо и посвежо време со дожд и можни грмежи, утрово најстудено на Попова Шапка
-

Трамп ги најави темите за разговорите со Шји: Во Иран ќе победиме мирно или на друг начин
-

Американски медиуми пишуваат дека Иран се уште располага со голем дел од ракетниот арсенал
-

Заловен волк во населбата Козле, бил чуван како домашен миленик
-

Годишниот извештај на Народниот правобранител пред матичната собраниска комисија
-

Трамп: Сите политички затвореници во Венецуела ќе бидат ослободени
-

Две лица загинаа во руски напад со дрон во родниот град на Зеленски, Кривји Рог
-

Амандманска расправа за Предлог Законот за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на битолскиот Универзитет
