Во сила стапи договорот за трговија со услуги и инвестиции меѓу ОАЕ и Русија

Спогодбата за трговија со услуги и инвестиции (TISIA) меѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Русија официјално стапи во сила, што претставува значаен чекор во унапредувањето на билатералните економски односи, соопштуваат емиратските медиуми.
Спогодбата ќе го олесни пристапот до пазарот за извозот на услуги, ќе ја зголеми заштитата на инвеститорите и ќе создаде нови можности за соработка меѓу приватниот сектор во брзорастечките услужни дејности.
Стапувањето во сила на спогодбата, заедно со Договорот за економско партнерство со Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), создава сеопфатна рамка за трговија и инвестиции, изјави министерот за надворешна трговија на ОАЕ, Тани ал Зејуди.
Русија е важен економски партнер на ОАЕ, а билатералната трговија со стоки, без нафтата, минатата година достигна 20,4 милијарди долари.
Медиумите пишуваат дека спогодбата ќе ја продлабочи соработката во клучни услужни сектори, меѓу кои финансиските технологии, здравството, транспортот, логистиката и професионалните услуги, и ќе придонесе за долгорочен и одржлив економски раст.
МИА
Ново на Сител
-

1,4 милиони евра за обнова на Исарот во Штип
-

Струмица ќе инвестира 30 милиони денари во нов озонатор за фабриката за вода
-

Иран им се заканува на земјите што ја поддржуваат „економската војна“ на САД
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
