Македонија
15. August 2023 - 12:17
Во шпицот на сезоната полиските службеници во Охрид со полни раце работа
Ножеви ,боксирачи ,метални пендреци за извршување физички напади но и дрога пронајдени од страна на полицискте службеници во и околу ноќните клубови и бројните концерти кои се одржуваат во Охрид .
Станува збор за малолетни лица од земјава и странство кои летуваат во главниот туристички центар.
Во шпицот на сезоната полициските службеници со полни раце работа потпомогнати од колегите од околните градови се грижат за јавниот ред и мир.
Од охридската полиција велат дека во периодот од 01 јуни до 08 август 2023 година, во Охрид, регистрирани се 88 нарушувања на јавниот ред и мир.
Учесниците во нарушувањата се приведени и поднесени им се соодветни прекршочни пријави.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
