Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе

Во Шпанија минатиот месец регистрирани се 1.028 смртни случаи поврзани со топлотниот бран што ја зафати Европа. Најголем број жртви има во Каталонија, Баскија, Кастиља и Леон, Мадрид и во Андалузија.
Тоа е речиси двојно повеќе во споредба со 407 смртни случаи регистрирани во јуни 2025 година.
На 23 јуни е регистриран најжешкиот јунски ден досега, со просечна температура од 29,6 степени за цела Шпанија. Според податоците на Министерството за здравство 35,7 милиони луѓе односно околу 73 проценти од шпанското население биле во подрачје во кое било издадено предупредување поради екстремно топлото време.
Метеоролозите наведуваат дека во Шпанија годинава имало 42 дена со невообичаено високи температури. Во многу градови, температурите надминаа 40 степени Целзиусови, додека највисоката од 45,1 степени измерена е во Андухар, Андалузија.
МИА
Ново на Сител
-

Експлозија го потресе Монако - меѓу тројцата повредени и еден од најбогатите Украинци
-

Историски ден за македонскиот тенис - Ѓорческа против Анисимова на Вимблдон
-

Собраниска делегација од Црна Гора во посета на македонскиот Парламент
-

Од утре на државните патишта се воведува летен времен режим на сообраќај
-

Бројот на жртви во земјотресите во Венецуела се зголеми на 1.700
-

Гаши во официјална посета на Грузија и учество на 67. Генерално Собрание на ПАБСЕК
-

Врховниот суд на САД ја отфрли жалбата на Трамп во случајот на сексуална злоупотреба на писателката Е. Џин Керол
-

Мерц шокиран од шесткратното убиство во центарот за помош на млади во германскиот град Штаде
