Во Повардарската епархија во тек е пријавувањето за празникот Богојавление–Водици
Повардарската епархија со седиште во Велес и годинава ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст на големиот христијански празник Богојавление - Водици 2024, што ќе се одржи од Мало Мовче во петок на 19 јануари во 11:30 часот.
Пријавувањето за овој чин започна вчера и веќе денеска за пријавиле 20 -тина кандидати-православни верници кои ќе скокаат по крстот, информираат за МИА од Повардарската епархија
Тие ги повикуваат сите заинтересирани православни христијани за традиционалното фаќање на крстот, да се пријават во просториите на Повардарската епархија во Велес, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, до петок изутрина кога од 09:00 часот на сите пријавени ќе им се извршат здравствени прегледи. Прегледите ќе ги изврши медицинска екипа на Брзата помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес која секоја година се грижи за здравјето на пријавените кандидати за цело време на настанот.
Кандидатите можат да се пријават и на телефонот на Повардарската епархија 043-221-231.
Празникот на Богојавлението во Велес, во петок во 8:30 часот ќе започне по традиција со Света Божествена литургија во храмот „Свети Спас“, на која ќе чиноначалствува митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес.
По завршувањето на литургијата ќе биде формирана литија до Мало Мовче од каде ќе се изврши осветувањето на водите на реката Вардар во 11:30 часот, со положување на чесниот крст од страна на митрополитот Повардарски Агатангел.
Од Епархијата Повардарска истакнуваат дека очекуваат годинава манифестаијата да биде масовно посетена од православните верници бидејќи во Велес на Вардар кај Мало Мовче освен кејот од левата страна, деновиве целосно е завршен и новиот кеј на десната страна на реката.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
