Во ова село семејствата живеат со мртвите членови, за нив никогаш не плачат, ги пресоблекуваат и ги носат на улица поради бизарна традиција!

За серијата "Walking dead" во која преостаната група се бори со милиони зомбиња веројатно сте слушнале, но дали сте слушнале за семејства кои во едно село во Индонезија живеат со своите починати членови?
Не се работи за реклама за некоја слична серија или филм, во местото Тана Тораџи, на полуостровот Јужен Сулавеси во Индонезија постојат голем број на семејства кои не се одрекуваат од своите починати роднини.

За нив постојат специјални куќи, тангконан кои се направени исклучиво за смртта на починатите. Во нив ги чуваат балсамирани телата на починатите. Откако ќе изведат традиционални обреди како носење на храна, облека и поклон за починатите, нивните членови на фамилии ги оставаат тука да почиваат, но тука почнува целата приказна.
Кога ќе дојде време за тоа, тие телата на своите ближни ги носат во домовите - ги пресоблекуваат и во новата облека ги носат на улица. Таа прошетка претставуа вистинско уживање за сите останати членови на семејството и неретко може да се види како телата на починатите имаат наочари за сонце, цигара или шешир пренесува Дејли Меил. Мартен Лаби, припадник на ова племе, го ексхумирал телото на својата мајка за овогодинешниот фестивал Манене кој се одржува во септември.
Тој на својата мајка и ја скратил косата, ја нашминкал и ја изнел на улица во прошетка иако таа е мртва веќе 20 години. Во последните две три годни, на фестивалот може да се забележат поголем број фотографии на семејствата со починатите, како би ја овековечиле оваа бизарна традиција.

"На овој начин ги почитуваме починатите. Нема плачење за нив. Тие и кога ќе починат остануваат со нас. Затоа секоја година го величиме овој фестивал", рекол еден од припадниците на племето.
На крајот од фестивалот, членовите на племето жртвуваат животни како свиња или бафало. Не е утврдено од кога датира оваа традиција, иако некои велат дека трае околу 30 века.
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
