Македонија
17. јуни 2026 - 13:54

Во општина Могила пронајдени неексплодирани гранати

Неексплодирани гранати биле пронајдени во општина Могила.

Како што соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи, денеска во 9:25 часот во Секторот за внатрешни работи - Битола било пријавено дека во атар на село Дедебалци, на место викано „На претерот“, општина Могила, пронајдени биле две неексплодирани гранати.

- Местото е обезбедено, а гранатите денеска ќе бидат подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување - информираа од МВР.