Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес доцна вечер ќе почне 97. церемонија на доделување на наградите Оскар на Академијата за филмски уметности и науки. Меѓу фаворитите се филмовите „Емилија Перез“, „Бруталист“, „Конклава“.
Филмот на Жак Одијар „Емилија Перез“ доби најмногу, 13 номинации за Оскар. Таа музичка одисеја за промената на полот на мексикански трговец со дрога кој станува жена доби најмногу номинации, пред „Бруталист“, приказна за животот на еден еврејски имигрант и мјузиклот „Wicked“ кои добија по десет номинации.
Биографскиот филм за Боб Дилан „Целосно странец“ и трилерот за Ватикан, „Конклава“ добија по осум номинации.
Филмот „Емилија Перез“, со 13 номинации за Оскар и награда на Канскиот филмски фестивал, стана остварување надвор од неанглиското говорно подрачје со најмногу номинации во историјата на наградите на Академијата за филмски уметности и науки.
Пет номинации за Оскар доби уште еден француски филм, „Супстанца“ во режија на Корали Фаргеат, во кој Деми Мур игра поранешна холивудска ѕвезда зависна од серум за подмладување. Тој филм меѓу другото беше номиниран во категориите најдобар филм, најдобар режисер и најдобра актерка.
На церемонијата оваа година ќе им биде оддадена почит на пожарникарите поради големите пожари што го зафатија Лос Анџелес во јануари и поради тоа номинациите за Оскар беа објавени на интернет и два пати беа одложувани.
Оваа година, нова карактеристика ќе биде тоа што оскаровците нема да држат говори подолги од 45 секунди.
Церемонијата, како и секоја година, ќе ја пренесува американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си, додека водител на церемонијата за прв пат ќе биде комичарот Конан О’Брајан.
Минатогодишниот голем победник беше филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, кој освои седум Оскари, меѓу кои за најдобра режија, најдобра машка улога и споредна машка улога.
Ново на Сител
-

Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови | ФОТО
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
