-->
-->
Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-->

Српската полиција уапси во Краљево маж (44) од Северна Македонија под сомнение дека ограбил обложувачници и пошта, соопшти денеска локалната полициска управа.
Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека влегол во обложувачници и пошти на територијата на Краљево со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.
Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика од пиштолот за кој се сомнева дека го користел при извршувањето на кривичното дело.
Тој е обвинет за пет кривични дела разбојништво. На осомничениот ми е одредено задржување до 48 часа и со кривична пријава ќе биде приведен во ОЈО во Краљево.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
