Во касарната „Гоце Делчев“ постројување на доброволните пожарникари од целата држава

Во касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром денеска во 18 часот ќе се одржи постројување на доброволните пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата, со цел да се утврди бројот на лица подготвени организирано да се вклучат во гаснење на летните пожари на отворен простор преку Тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Како што информираат од ДЗС, на настанот директорот на Дирекцијата и командант на силите за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ќе ги претстави плановите и очекувањата за претстојната летна сезона, како и насоките за формирање нова внатрешна структура и хиерархија за поефикасна координација и командување со тимовите составени од доброволни пожарникари.
- Целта на новата структура е нивно прецизно, ефикасно и рационално вградување во Системот за гаснење на пожари - велат од ДЗС.
Според Дирекцијата, новата структура треба да овозможи попрецизно, поефикасно и порационално интегрирање на доброволните пожарникари во системот за гаснење пожари. Истовремено, се очекува да придонесе за побрза размена на информации, поефикасно носење одлуки, појасно пренесување наредби и одржување високо ниво на дисциплина на терен.
Во своето обраќање, директорот на ДЗС ќе говори и за идните планови за развој на доброволното пожарникарство во земјата.
- По завршувањето на постројувањето ќе продолжиме со голем работен состанок на отворено, на кој доброволните пожарникари ќе имаат можност да се запознаат помеѓу себе, да разменат мислења и искуства. Воедно и јас ќе имам можност да го слушнам нивното мислење, нивните потреби, барања и сугестии за подобро функционирање во текот на летото - дополнуваат од ДЗС.
МИА
Ново на Сител
-

Едногласна доверба за нови успеси – проф. д-р Влатко Неделковски избран за нов мандат за декан на ФФОСЗ
-

Литванија стравува од можни руски напади врз клучна инфраструктура
-

Во касарната „Гоце Делчев“ постројување на доброволните пожарникари од целата држава
-

Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
-

СП 2026: Дешан – Многу сме разочарани
-

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
-

СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот
