-->
-->
Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-->

Франција од 24 јуни досега регистрираше околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното поради топлотниот бран, соопшти денеска Националната агенција за јавно здравје, предупредувајќи дека реалниот број на починати ќе се зголеми.
„Од 24 јуни, регистрирани се околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, покажуваат привремените бројки споредено со смртните случаи регистрирани во претходните месеци“ – феномен што ги погодува главно луѓето над 65 години, соопшти француската Агенција за јавно здравје
Од Агенцијата наведуваат дека за 40 проценти е зголемен бројот на луѓе кои починале во домашни услови.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
